Проф. Д-р Александар Поповски

Проф. Д-р Александар Поповски
Факултет за спортски менаџмент

Функција: Декан

Кратко наративно био:

▪ Роден  13.05.1968 Скопје 

▪ Основно образование„ Браќа Миладиновци„ 1982, Скопје

▪ Средно образование „М.М.Брицо“ 1986, Скопје

▪ Дипломиран професор на Факултетот за физичка култура 1992, Скопје

▪ Магистер во областа на физичката култура 2000, ФФК Скопје на тема: Влијанието на некои морфолошки карактеристики врз некои варијабли за проценка на експлозивната, статичката и репетативната цила кај ученици од седмите одделенија во Скопје.

▪ Доктор во областа на кинезиологијата 2005, ФФК Скопје на тема: Влијанието на латентната структура на морфолошките карактеристики врз биомоторичките способности и некои социолошки карактеристики кај студентите спортисти и студентите неспортисти од прва година на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Вд декан на факултетот за Спортски менаџмент од 2010 до 2011 година;

Координатор за спорт на Универзитетот од 2010 година, Селектор на Универзитетската екипа кошарка, Селектор на Универзитетската екипа футсал

Општествени дејности – Член на Собранието на Македонскиот Олимписки Комитет; Член на управниот одбор на Пливачката федерација на Македонија; Член на Собранието на Универзитетската спортска федерација на Македонија; Член на највисокото претседателство, на два спортски клуба: “АПВК Студент” од Скопје и Скијачки Клуб “Скопје”од Скопје. –

Повеќе пати врховен судија на државните првенства на Македонија во пливање – Тренер пливање во “АПВК Студент” Скопје од 1990 Научна област: Кинезиологија

Предмети кои ги предава/л:

  1. Спорт и Општество;
  2. Олимпизам; Пливање и Ватерполо;
  3. Фудбал;
  4. Одбојка;
  5. Кошарка;
  6. Спортски Тренинг;
  7. Периодизација;
  8. Дијагностицирање во Спортот;
  9. Програмирање на трансформациски процеси;
  10. Тестови за проценка на физичките перформанси;
  11. Истражувања во Спортот

Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски:

  1. Пливање и Ватерполо;
  2. Фудбал; Одбојка;
  3. Кошарка;
  4. Спортски Тренинг за сите трудови спортови;
  5. Периодизација на тренингот;
  6. Дијагностика во сите Спортови;
  7. Програмирање на трансформациски процеси и Тестови за проценка на физичките перформанси во сите спортови;
  8. Истражувања во сите Спортови

Проекти:

▪ Научно-Стручен Проект реализиран во Странство, Нарачател׃ Пливачки Савез Централне Србије Утицај различитих програма обуке непливача на усвојеност знања пливања, Крушевац, 2008.

▪ Предавач на домашен проект Нарачател׃ Министерство за образование, Биро за развој на образованието Проект за модернизација на образованието (2010) со вкупен фонд од 78 часови одржана обука на програмите: Тимска работа и училишно партнерство –одржлив развој.

▪ Домашен проект нарачател: Агенција за промоција и подршка на туризмот во Република Македонија, Подстратегија за развој на спортски туризам со акционен план 2015-2018, Глобал Проект консалтинг, јуни-октомври 2014.

Објавени трудови:

1. Споредбена анализа на некои морфолошки, моторички и пливачки показатели кај пливачите од Скопје и кај студентите од факултетот за физичка култура, Скопје,1994 година.

2. Разлика во некои морфолошки карактеристики кај ватерполисти и ученици од Скопје,1994 година.

3. Ставовите и интересите за занимавање со активностите од физичката култура кај Учениците со различни резултати од некои моторички тестови, Скопје,1994.

4. Влијание на антропометриските врз биомоторичките варијабли кај студентите од нематичните факултети кои посетувале изборна настава по пливање. Билтен на универзитетот бр.628,Скопје,1996.

5. Влијанието на некои релевантни параметри врз успешноста во дисциплината 100 метри делфин жени на ОИ во Атланта ’96 Физичка култура бр.1-2 од 1997.

6. Регресивна анализа на релевантните параметри за успешност во дисциплината 200 м делфин жени на ОИ во Атланта ’96 Физичка култура бр.1-2 од 1997.

7. Релации меѓу некои релевантни показатели врз успешноста во дисциплината 100 метри краул жени на ОИ во Атланта ’96 Физичка култура бр.1-2 од 1997.

8. Релации меѓу некои релевантни параметри за успешност во дисциплината 100 делфин машки на ОИ во Атланта ’96 Физичка култура бр.1-2 од 1997 година.

9. Утврдување на оптимален модел за учење на елементите од кошарка според биомеханичката структура опфатени со наставниот план и програма за основно образование, Симпозиум, 17-19 сптември 2004, Охрид.

10. Влијанието на латентната и морфолошка структура врз некои варијабли за проценка на биомоторичкиот простор кај студентите од машката популација на универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје.Симпозиум, Прв меѓународен симпозиум на ЦФО, 2005, Скопје.

11. Разлики во прецизноста при шут на кош под агол од 45 степени на средно растојание од лева и од десна страна директно во кош од табла, по изведен скок-шут, кај десно раки играчи, Прв меѓународен симпозиум на ЦФО, 2005, Скопје.

12. Зависност од специфичната кошаркарска прецизност од некои специфични моторички варијабли, Прв меѓународен симпозиум на ЦФО, 2005, Скопје.

13. Споредбена анализа на анкетите за спортот и спортските активности кај студентите од обата пола спроведени на филолошки факултет од Скопје во учебните (2004-2005) и (2005-2006) година. Втор меѓународен симпозиум на ЦФО, 2006, Скопје.

14. Влијанието на некои социолошки карактеристики во однос на физичкото образование и спортот кај студентите спортисти и неспортисти од прва година на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Втор меѓународен симпозиум на ЦФО, 2006, Скопје.

15. Влијанието на некои антропометриски варијабли врз статичката сила кај студентите од машки пол на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Втор меѓународен симпозиум на ЦФО, 2006, Скопје.

16. Факторска структура на антропометриските варијабли кај студентите спортисти и студентите неспортисти на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Годишник на ФОН, 2009 Скопје.

17. Регресиска анализа на социолошката варијабла месечни примања на семејството врз морфолошкиот и биомоторичкиот простор на студентите спортисти и неспортисти, Меѓународна научна конференција, Знаењето капитал на иднината, 26-28 Ноември,2009, Охрид.

18. Факторска структура на некои мерки за проценување на антропометриските карактеристики кај млади каратисти, Наука и спорт, стр. 29-34, 2009, Скопје.

19. Физичката активност и седентарните навики кај младите, Наука и спорт, 7-12, 2009, Скопје.

20. Регулирање на етичкиот карактер на спортски клуб: Случај на етички кодекс ФУНТЕК, Струмица, 2012.

21. Утврдување на поврзаноста помеѓу некои тестови за проценка на брзината и определени ситуационо-моторички тестови во фудбалот, кај деца од 10-12 години, Institute of Knowledge management, international journal vol.1,2, 2014.

22. Поврзаноста на некои морфолошки карактеристики со ефикасноста на скок шут после дриблинг. Institute of Knowledge management, international journal vol.1,2, 2014.

23. Компаративна анализа на ситуационата ефикасност во игарата помеѓу екипите на КК „Колибри„ – Охрид и КК „МЗТ“ – Скопје. Institute of Knowledge management, international journal vol.1,2, 2014.

24. Факторска структура на техничко тактичките дејствија кај победничката репрезентација на бразил на светското првенство во футсал тајланд 2012, 5-th international scientific and applicative conference: Knowledge capitol of the future, who and what 21-25 may,2015, Bansko vol.9, 309.

25. Факторска структура на техничко тактичките дејствија кај второпласираната репрезентација на Шпанија на светското првенство во футсал тајланд 2012, 6-th international scientific and applicative conference: Knowledge capitol of the future, the power of knowledge 2-4 October, Agia Triada Greece,2015, vol.10-1, 621.

26. Quantitative intergroup differences in anthropometric and motor skills indicators of students handball players from first, second and third year of the national sports academy in Skopje, Knowledge, international journal, scientific papers, vol 11/2 ,4-6 December, 2015 Bansko, R. Bulgaria,265.

27. Quantitative index change of the special judo fitness test for judoist at different age categories after placebo use, Knowledge, international journal, scientific papers, vol 12/1,8-10 April, Bansko, R. Bulgaria,399.

28. Impact of regular physical activity on health in the health workers and associates with different socio-demographic characteristics employees in public heath organization in Republic of Macedonia,17-19 June,2016, Durres Republic of Albania Учебници Пливање-основи на техниката и методика, Учебник 2005 Практикум по пливање, 2005 Ватерполо основи на техника и тактика, Учебник 2006 Основи на тренингот на пливачите, Учебник 2007 Пливање-основи на техниката и методика, (дополнето издание) 2012 Истражувања во спортот (Учебно помагало) 2016 Монографија “АПВК Студент”-Скопје 1964-2017 / 2018.