Проф. Д-р Марија Ветероска

Проф. Д-р Марија Ветероска
Факултет за дизајн и мултимедија

Кратко наративно био:

Ветероска дипломира (2004) и магистрира (2008) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со графички дизајн. Докторира на УКИМ во 2014 со истражување на тема: „Типографијата и македонскиот дизајн (од 1945 до 2000)“. Нејзин главен фокус на истражување е типографијата како примарна алатка за визуелна комуникација. Учествува во меѓународни проекти и работилници за графички дизајн како автор и ментор, како што е проектот за Инклузивен дизајн во Осијек, Скопје и Пожега, во соработка со Британскиот совет, Кралскиот колеџ за уметност од Лондон и Кјото дизајн лаб.

Ветероска е автор на стотина реализирани решенија од областа на графичкиот дизајн (логоа, плакати, брошури, каталози, книги, корици за книги, илустрации, дизајн на типографски писма – фонтови), меѓу кои и Книгата на графички стандарди за Претседателот на Република Северна Македонија.

Ветероска е автор на триесетина сценографии за интернационални оперски, балетски, концертни и ТВ продукции.  Има соработувано со режисери и кореографи од Македонија, Австрија, Србија, Италија, Русија, Германија, Албанија и Унгарија.

Има поставено 7 самостојни изложби, и има учествувано во над 50 групни изложби во меѓународни рамки. Добитник е на 10 престижни награди за цртеж, графика и дизајн на национално и меѓународно ниво.

Таа е редовен професор на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН Универзитетот во Скопје. Од 2016 до 2021 ја извршуваше функцијата декан на факултетот. Под нејзино менторство студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија, АУЕ ФОН, имаат освоено 8 државни и меѓународни награди за дизајн.

Предмети кои ги предава/лa:

Основи на графички дизајн, Типографија и знаковни системи 1, Типографија и знаковни системи 2, Дизајн на книга, Дизајн на сцена, Дизајн на печатени медиуми, Дизајн проект, Дизајн на плакат.

Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски трудови:

Графички дизајн, Визуелен идентитет, Дизајн на книга, Дизајн на печатени медиуми

Истражувачки интерес:

Типографија, Графички дизајн, Графички стандарди и визуелен идентитет, Визуелна комуникација, Печатени медиуми, Сценографија

Графички дизајн (избор од 2016):

2020, Книга на графички стандарди за Претседателот на Република Северна Македонија, Скопје

2019, дизајн на плакат, каталог и колекционерски картички, Блажев, Кондев, Шуман „Дрезден – лица, простори, време”, Скопје.

2019, дизајн на лого за Авторизиран економски оператор имплементиран од Царина на РСМ.

2018, дизајн на типографско писмо Dinka, Костадин Танчев Динка: од слика и графика до нови медиуми, Скопје, НГМ.

2017, дизајн на визуелен идентитет, “Art and the city”, лаунџ бар, Тирана.

2017, дизајн на плакат, брошура и типографско писмо, „Тајно моја”, Скопје, Македонска опера и балет

2016, дизајн на плакат, брошура и типографско писмо (принт и web), Фестивал за детски театар „Фенер”

2016, дизајн на плакат и брошура, Rossini “Il barbiere di Siviglia”, опера, Скопје, Македонска опера и балет

2016, дизајн и подготовка за печат, Бенет, И. Насоки за лоцирање на креативните индустрии во Македонија. Скопје: Британски совет во Македонија, 2016. ISBN 978-608-4750-03-1

2016, дизајн на визуелен идентитет, Swisstech.

2016, дизајн на типографско писмо и визуелен идентитет, PŽG, Inclusive Design Workshop, меѓународна работилница за инклузивен дизајн, Пожега, Хрватска организатор: ЕУ, Британски совет Хрватска, Кјото Дизајн Лаб

2016, дизајн на визуелен идентитет, брошура и продукт дизајн (заедно со Игор Сековски), cycleREcycle by Brum Brum

Сценографии:

2021, Puccini “Tosca”, опера, Пловдив, Државна опера Пловдив

2019, Кокаланов „Си беше еднаш во иднината”, драмска претстава Битола, Народен театар

2019, „Валпургиска ноќ” и „Кармен”, балет, Скопје, Национална опера и балет

2019, Отворање на Интернационален фестивал за филмска камера „Браќа Манаки”, мултимедијален перформанс, Битола

2017, Verdi “Il Trovatore”, опера, Пловдив, Државна опера Пловдив

2017, Bizet “Les pêcheurs de perles”, опера, Тирана, Национална опера и балет на Албанија

2017, „Тајно моја”, мјузикл во чест на Тоше Проески, Скопје, Македонска опера и балет

2016, Rossini “Il barbiere di Siviglia”, опера, Скопје, Македонска опера и балет

2016, Киров „Црвената соба”, модерен балет на музика од Шуберт Скопје, Македонска опера и балет

2015, студио за вести, Канал 5 телевизија

2013, 2014, 2015, Offenbach “Les contes d’Hoffmann”, опера, Отворање на Мајски оперски вечери Скопје, Македонска опера и балет Русе (Бугарија) Здоходно здание, Софија (Бугарија) НДК, Пловдив, Дом на култура „Борис Христов”

2013, Horner “Kling Klang 5”, музичка авантура за деца, Скопје, Македонска опера и балет

2011, Kalman “Die Csárdásfürstin”, опера, Скопје, Македонска опера и балет

2011, Mozart “Don Giovanni” “, опера, Отворање на Мајски оперски вечери, Скопје, Македонска опера и балет

2010, Donizetti “L’elisir d’amore”, опера, Отворање на Мајски оперски вечери, Скопје, Македонска опера и балет

2009, Verdi “Un ballo in maschera”, опера, Отворање на Мајски оперски вечери, Скопје, Македонска опера и балет

2009, Mozart “Magic flute (за деца)” со Ursula Horner, опера, Скопје, Македонска опера и балет

2020, 2019, 2018, 2017, 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2007

„Златна бубамара на популарноста“ Сала „Борис Трајковски”, Метрополис Арена, Универзална сала

2007, Zemlinsky “Der Zwerg”, опера, Скопје, Македонска опера и балет

2006, Rimsky-Korsakov “Scheherazade”, балет, Скопје, Македонска опера и балет

2006, Stankovic “Me and my window”, музичко сценски перформанс, Скопје, Младински културен центар

2010, 2009, 2008, 2007, 2006

Традиционален гала оперски концерт „Василица“, Скопје, Македонска опера и балет

2005, Donizetti “Rita”, опера, Скопје, Македонска опера и балет

2005, Отворање на Скопско лето, гала концерт, Скопје, Македонска опера и балет

Дизајн работилници:

2019, Letterpress light workshop, 7th International conference on typography & visual communication, Patras, Greece организатор: Institute for the study of typography & visual communication

2019, Преведување на визуелната драматургија (работилница). организатор: Македонски центар на Интернационален театарски институт – Продукција

2017, Ментор на меѓународна работилница за графички дизајн „Експресивна типографија”, Скопје креатива, МКЦ

2016, Ментор на работилница за сценографија „МОФ Летна академија 2016”, Младински образовен форум и USAID, Пониква

2016, PŽG, Inclusive Design Workshop, меѓународна работилница за инклузивен дизајн, Пожега, Хрватска, организатор: ЕУ, Британски совет Хрватска, Кјото Дизајн Лаб

2015, Ментор на работилница за графички дизајн „Визуелно обликување на картички и мапа на впечатливи дебар маалски градби од почетокот на ХХ век”, Скопје креатива, Плаја виста

2012, ко-ментор на работилница Needle n’Thread, Inclusive Zone, меѓународна работилница за инклузивен дизајн, Скопје, организатор: Британски совет Македонија и Кралскиот колеџ за уметности од Лондон, Хелен Хамлин центар

2012, ExtraOrdinary Design, меѓународна работилница за инклузивен дизајн Осијек (Хрватска), организатор: Британски совет Хрватска и Кралскиот колеџ за уметности од Лондон, Хелен Хамлин центар