Виш лек. М-р Ана Јанкуловска

Виш лек. М-р Ана Јанкуловска

 

Факултет за странски јазици

 

Кратко наративно био

Во јуни 2014 дипломирав на Факултетот за странски јазици при Првиот приватен универзитет – ФОН во Скопје на наставната насока со просечна оценка 10,00 со што се стекнав со звањето Професор по англиски јазик и книжевност со француски јазик.

Во септември 2016 магистрирав на Факултетот за странски јазици при Првиот приватен универзитет – ФОН во Скопје на отсекот за применета лингвистика со просечна оценка 10,00 и го одбранив трудот со наслов “J. K. Rowling’s Glossopoeia in the Harry Potter Series” со што се стекнав со научниот назив Магистер по применета лингвистика.  

Моментално сум докторанд на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на одделот за Наука за јазикот (просечна оценка 10,00). 

Во периодот 2014-2016 бев практикант за група предмети од сферата на англиски јазик за странци и француски јазик на Факултетот за странски јазици на Првиот приватен универзитет ФОН – Скопје, а во ноември 2016 бев избрана во звање лектор на Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН во Скопје.

Во периодот од март 2017 до октомври 2019 активно учествував во проектот „Фабрика на знаење“ – проект на ФОН Универзитетот и бизнис заедницата. 

Во ноември 2020 бев избрана во звање виш лектор на Факултетот за странски јазици на Америнканскиот Универзитет на Европа – ФОН.

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов

 

Современ англиски јазик 1/2, Фонетика и фонологија 1/2, Лексикологија и лексикографија,

Синтакса и стилистика,

Контрастивна анализа,

Англиски јазик во струка (Дизајн и мултимедија, Архитектура, Информатички технологии),

Интеркултуролошка комуникација за ИКТ,

Француски јазик како Б/Ц.

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови

 

Во текот на своето работно искуство сум била ментор на теми од областа на лингвистиката.

Истражувачки интерес (и актуелно истражување, доколку работите на некое)

 

Мојот научно-истражувачки интерес е насочен кон областа на лингвистиката (синтакса, контрастивна анализа).   

Моментално работам на истражување за докторската теза на тема: „Англиските GET-конструкции и нивните преводни еквиваленти во македонскиот јазик“

Објавени трудови: текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги

 

Јанкуловска, А., Тодоровска, А., Танева, Е. (2015). Одговори на комплименти во македонскиот јазик. Литературен збор, LXII 1-3, 61-76.

Арсовска, А. (2020). Употребата на инфинитив или глаголска именка како дополнение на фазните глаголи кај македонските изучувачи на англискиот јазик. Визионе, 35.

Arsovska, A. (2020). J. K. Rowling’s Glossopoeia in the Harry Potter Series – Lexical and Etymological Analysis. Vizione, 35.

Mitkovska, L., Arsovska, A. (2023). Macedonian Translation Equivalents of the English Get-Passive. Journal of Contemporary Philology, 6 (2), 7-25.

Arsovska, A., Mitkovska, L. (2024). Middle Diathesis Marking in English: Evidence from Macedonian Translation Equivalents. Palimpsest, Vol.9 No.17.

 

Учество на научни конференции и обуки во земјата и странство

1.      Меѓународна конференција: „Практиката во јазикот, јазикот во практика“ Факултет за применети странски јазици, ФОН Универзитет – Скопје. Јуни, 2013.

2.      Меѓународен летен универзитет во Митровица „Културните и националните контакти во модерната британска и американска книжевност“. Јули-август, 2013.

3.      Студиски престој на „LEFTIS 2013“ на Универзитетот „Париз IV Сорбона“ – Национален институт за источни јазици и цивилизации (INALCO), Генерален директорат за превод на Европската Комисија, Париз. Јули, 2015.

4.      Обука „Стандардизација на оценувањето“, организирана од Британскиот Совет во Скопје. Декември, 2016.

5.      Обука „Qualitative and Mixed Methods in Writing Research“ – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Мај, 2018.

6.      „Десетти научен собир на млади македонисти – Конференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова“ – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Мај, 2018.

7.      Летна школа за лингвистика во Кромериж, Чешка. Август, 2018.

8.      Работилница „Зајакнување на јазичните компетенции на идните наставници по странски јазик со имплементирање на ЗЕРРЈ (Заедничката Европска Референтна Рамка за Јазиците)“ – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Јануари, 2020.

9.      50. Меѓународна научна конференција на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. УКИМ – Охрид. Септември, 2023.