Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Независниот синдикат на државна администрација денес потпишаа договор за соработка, водени од потребата за едукација, образование, усовршување, оспособување, учење и обука на вработените во Синдикатот. Со овој договор овие две институции исто така ќе си помагаат во делот на развој на научните, образовните и практични решенија во нашето општество во корист на идните генерации. Оваа ефикасна соработка ќе придонесе исто така за размена на практични искуства меѓу институциите.