Економски науки

Факултет за економски науки

Акредитации 2022/23
Акредитации:

Студиите на прв циклус на студии на Економскиот факултет траат четири години (осум семестри). 

Специјалистичките студии на втор циклус на Економскиот факултет траат eдна години (два семестри). 

Студиите на втор циклус на студии на Економскиот факултет траат една година (два семестри).

Првите два семестри на првиот циклус се општи економски студии и во овој период студентите се запознаваат со основните поими и концепти на економијата според предметите што ќе ги изучуваат редовно или изборните предмети од програмата. Во текот на наредните 6 семестри тие се профилираат согласно областа што се определиле да ја студираат и здобиваат со звањето дипломиран економист (бачелар) од соодветната област. Програмите што можат да ги изберат во текот на првиот циклус на студии и специјалистичките студии на втор циклус се во четири области, и тоа:

  • Деловна економија, насока финансии;
  • Деловна економија, насока бизнис менаџмент;
  • Деловна економија, насока маркетинг
  • Спортски менаџмент

По завршена четврта година студентите ќе се здобиjат со диплома на економист од соодветната област со 240 ЕКТС.

По завршените специјалистичките студии на втор циклус студентите ќе се здобиjат со диплома на специјалист по деловна економија од соодветната област со 60 ЕКТС.

По завршувањето на петтата година од вториот циклус на студии, студентите се стекнуваат со дополнителни 60 ЕКТС (вкупно 300 ЕКТС) и по одбраната на магистерскиот труд со звање магистер на економски науки од соодветната област.

Програмите што можат да ги изберат во текот на вториот циклус на студии се исто така во четири области, и тоа:

  • Деловна економија, насока финансии и банкарство;
  • Деловна економија, насока бизнис менаџмент;
  • Деловна економија, насока маркетинг
  • Спортски менаџмент

Според ЕКТС системот, дипломите што ќе се добијат на овој факултет ќе бидат еквивалентни на дипломите што се добиваат на универзитетите во Европа. На факултетот предаваат афирмирани наставници во науката и практиката кои се ставаат на располагање на студентите и на факултетот воопшто со цел изведување настава, но и на научно-истражувачка дејност од полето на економијата.