Доц. М-р Филис Ајруш
Архитектонски факултет
Кратко наративно био:
Родена на 20.05.1996 г. во Кампердаун, Сиднеј – Австралија.
Магистрира на Архитектонски Факултет Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде завршува интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура (2014-2020) со остварен просечен успех од 9,23 и стекната квалификација Магистер Инженер Архитект.
Магистерскиот труд под наслов „Современ Казнено-поправен Дом во Криволак“, работен под менторство на Проф. д-р Анета Христова-Поповска, успешно го одбранува во 2020 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со магистерскиот труд, става фокус на архитектонското проектирање и архитектонските елементи како главни двигатели кон постигнувањето на хуман простор за одлежување на казна затвор, создавајќи стимулирачка и рехабилитирачка околина преку современиот дизајн.
Во 2021 година се запишува на докторски студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет при Школата за докторски студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел стручна доквалификација и специјализација во струката, во насока на подетално проучување на архитектонското проектирање на јавните објекти.
Своето наставно и практично искуство во полето на архитектурата го стекнува како демонстратор на Архитектонски Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, при институтот за Архитектонско Проектирање, додека практичното искуство го стекнува преку изработка на самостојни проекти за ентериерно уредување на локали и работа како архитект во архитектонско студио во Австралија изработувајќи проекти за станбени и јавни објекти. Ги владее и користи како мајчини јазици македонскиот и англискиот јазик (C2), а дополнително го познава и користи турскиот јазик (B2).
Предмети кои ги предава/лa:
-Архитектонско проектирање на општествени објекти 1;
-Архитектонско проектирање на општествени објекти 2;
-Архитектонско студио 4 – Општествени објекти 4;
– Одбрани теми од општествени објекти.
Истражувачки интерес:
Како архитект има посебен истражувачки интерес во полето на архитектонското проектирање и дизајн, со посебен афинитет кон современите методи и практики при архитектонското проектирање и проучување на архитектурата како алатка за спроведување на современиот општествен развој преку иновативен дизајн.
Актуелното поле на истражување, воедно и фокус на нејзината докторската теза, е подетално проучување на значењето и влијанието на архитектурата кон социолошко-демократските потреби за функционирање на современото општество и иновативните проектантско-типолошки и методолошки принципи кои се користат при проектирање на јавните објекти.
Објавени трудови:
Поседува бројни дипломи, награди и признанија меѓу кои: Признание од Архитектонски Факултет за семестрален проект по Архитектонско Студио 5.1 ИАС09 „Повеќе семејно станбено домување, Живеење во парк – Скопје“ и Награда-прво место на интернационален натпревар по фотографија “Waternet” со фотографијата „Охрид – град на светлината“.
Активно учествува, присуствува и волонтира на конкурси, изложби, работилници и семинари од областа на архитектурата и различни видови на уметност, од кои посебно се издвојуваат: Учество на меѓународен архитектонски конкурс „Kaira Looro“ – Проектирање на куќа за жени во Сенегал;
Учество на работилницата на Jahn Gehl какодел од проектот за рехабилитација на јавните простори во центарот на Скопје;
Учество на изложбата „Загрозен Модернизам“ со избран проект за рехабилитација на поранешниот дом на култура – Домче во Тафталиџе, во дневен центар за деца;
Учество на изложба и работилница за Старата Скопска Чаршија како дел од проектот “ATLAS ROCK”;
Волонтер на SHARE International Architecture Foru и Учество на БИСТА 2016 – Биенале на студенти по архитектура.
Публикации на избрани лични студентски проекти има во испечатените изданија од Архитектонски факултет во публикацијата Patterns of Growth: Freeingspace – Design Studio 2018/2019, во ИАС публикации од изложбите на Архитектонските Студија 2014-2020, како и на интернет портали за архитектура.