проф. м-р Игор Шокаровски

проф. м-р Игор Шокаровски

Факултет за дизајн и мултимедија

Кратко наративно био:

Роден во Скопје, во семејство на татко проф. д-р Ристо Петар Шокаровски, наставник по група предмети од областа на мтематиката при Природно-математичкиот факултет на УКИМ Скопје, еден од основоположниците на дискретната математика во Република Македонија ( починат ) и мајка Мирјана Александар Шокаровска, дипломиран економист и пензиониран службеник од „Комерцијална Банка“ АД Скопје. Средно училиште завршува во У.С.О. „Орце Николов“ во Скопје.

Дипломира на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на одделот „Филмска и телевизиска монтажа“.

Научното звање Магистер по Филмска и телевизиска режија го добива по завршувањето на Националната академија за театарска и филмска уметност„Крстјо Сарафов“ во Софија, Р. Бугарија. (1999 г.)

Докторски студии од областа на аудиовизуелните и сценско изведувачки уметности на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во тек.

Работно искуство:
1.Македонска Радио Телевизија (1994 – 2004) режисер и монтажер.

2.IDEA PLUS DDB (2004 г. – 2006 г.) режисер и монтажер.

3.А1 Телевизија (2005 г. – 2011 г.) режисер и продуцент.

4.Американски универзитет на Европа -ФОН, (2012 г. – во тек):
• Редовен професор (2023 г. во тек),
• Креативен директор на Американски универзитет на Европа -ФОН (2023 г. во тек)
• Декан на Факултетот за дизајн и мултимедија при Американски универзитет на Европа -ФОН (2021 г.)
• В.д. декан и декан на Факултетот за дизајн и мултимедиа при Американски универзитет на Европа -ФОН (2021 г.),
• Член на Универзитетски сенат на Американски универзитет на Европа -ФОН (2015 г. – 2019 г.)
• Претседател на Универзитески сенат на Американски универзитет на Европа -ФОН (2019 г.),
• Член на комисија на проектот „Еразмус“ од Факултетот за дизајн и мултимедиа при Американски универзитет на Европа -ФОН во Скопје во 2015 година.
• Претседател на комисијата за филм при МАССУМ , натпревар за сите средношколци од Република С.Македонија 2018 г., 2019 г., 2020 г. и 2021 г. делегиран од Американски универзитет на Европа -ФОН .
• Претседател на комисијата за ауио-визуелна рекламна порака и клип при МАССУМ , натпревар за сите средношколци од Република С.Македонија 2018 г., 2019 г., 2020 г. и 2021 г. година, делегиран од Американски универзитет на Европа -ФОН .
• Член на Координативното тело на проектот„Фабрика на знаење„ на Американски универзитет на Европа -ФОН.
• Учесник и промотор во проектот „И во Македонија се може“ на Американски универзитет на Европа -ФОН .

5. Промотор на активностите на формалната невладина организација
„Здружение на Самохрани Родители Скопје“ од Скопје во електронските, мрежните и печатените медиуми, како волонтерска активност (2004 г.- во тек).

6.Активен член на Друштвото на Филмски Работници на Република С.Македонија во Секцијата режија. (2018 г.-во тек)

7. Претседател на Управен одбор на Агенција за филм на Република Македонија (2021 г. -2023 г.)

8. Претседател на Надзорен одбор на Друштво на филмски работници на Република Македонија (2024 г.-во тек)

Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов:

01. Мултимедија 1
02. Мултимедија 2
03. Мултимедија 3
04. Мултимедија 4
05. Компјутерски техники по мултимедија 1
06. Компјутерски техники по мултимедија 2
07. Компјутерски техники по мултимедија 3
08. Компјутерски техники по мултимедија 4
09. Видео дизајн
10. Компјутерска анимација
11. Интерактивна мултимедија
12. 3 Д Моделирање 1
13. 3 Д Моделирање 2
14. Основи на 3Д моделирање
15. Основи на продукција
16. Основи на Фотографија
17. Фотографија
18. Дигитална фотографија
19. Дигитална фотографија 1
20. Дигитална фотографија 2
21. Маркетинг во дизајнот
22. Арт директинг
23. Арт досие
24. Аудио и видео монтажа
25. Адвертајзинг дизајн
26. Дизајн на подвижна слика
27.Мултимедија напредно ниво 1
28.Мултимедија напредно ниво 2
29.Методологија на научно истражувачка дејност
30.Продукција

Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови:

Филмска и телевизиска режија, Мултимедија, Аудио и видео дизајн, Фотографија, Анимација, Филмска и телевизиска камера.

Ментор на 10 магистерски трудови .
Ментор на 3 специјалистички труда.
Ментор на 73 дипломски работи.

Истражувачки интерес (и актуелно истражување, доколку работите на некое):

Областа на аудиовизуелните и сценско изведувачки уметности и од останатите области споменати како „друго“ во Фраскатиевата меѓународна класификација на научно-истражувачки подрачја,полиња и области, областа на мултимедијалниот дизајн.

Објавени трудови, аудиовизуелни дела и изложби; текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги, аудиовизуелни записи:

1. 20ти ИФФК „Браќа Манаки“ / 1999та г. Режисер на мултимедиалниот перформанс од свеченото отворање на Интернационалниот филмски фестивал „ Браќа Манаки “ во 1999та г. во копродукција на „Друштвото на филмските работници на
Република Македонија“ и националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија.
Извршен продуцент Лазар Ѓорѓевиќ. (Архива на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија“

2. 21ви ИФФК „Браќа Манаки“ / 2000та г. Режисер на мултимедиалниот перформанс од свеченото отворање на Интернационалниот филмски фестивал „ Браќа Манаки “ во 2000та година во копродукција на „Друштвото на филмските работници на
Република Македонија“ и националниот сервис „Македонска Радио Телевизија.
(Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија)

3. „Кој сака да биде Милионер“ мултимедиално гејм шоу. Режисер и извршен продуцент на гејмшоуто „Кој сака да биде Милионер“ лиценциран за работа со франшиза од „Sony Pictures Entertainment“. Водител: Сашко Мацановски Трендо. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
Линк (Преглед 07.02.2024 год.)

4. „50 : 50“ мултимедиално гејм шоу. Режисер и извршен продуцент на
мултимедиалното гејм шоу „50 : 50“, лиценциран за работа со франшиза од „2WAYTRAFFIC “. Водител: Жарко Димитриовски. . (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).
Линк (Преглед 07.02.2024 г.)

5. „Светско јуниорско првенство во ракомет за мажи“ 2007 година. Главен
режисер на Светското јуниорско првенство во ракомет за мажи во Охрид 2007 година. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Северна Македонија).

6. „Македонски идол“. Координатор и ко- режисер на проектот „Македонски Идол“ 2010/11 година во продукција на А1 Телевизија. Продуцент Хеди Рамковски. Извршен продуцент Нехру Хоџа. (Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

7. Режисер на последниот мултимедијален концертен настап на
македонската музичка мега-ѕзезда Тодор (Тоше) Проески на градскиот стадион во Скопје. Извршен продуцент Нехру Хоџа. Продуцент на тв. преносот на А1 Телевизија. (Архива на „Совет за
Радиодифузија“ на Република Македонија).

(Преглед 07.02.2024 г.)

8. Режисер на рекламни клипови за клиенти на А1 Телевизија.
(Архива на „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

9. „Стоби“ официјален фестивалски спот за ИФФК „Браќа Манаки“ 2000 г. Сценарист,режисер и монтажер на официјалниот најавен спот снимен и постпродукцијски реализиран во продукција на „Вардар Филм“ и националниот сервис „Македонска Радио Телевизија. Директор на фотографија Драги Таневски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

10. „Велосипед“ официјален фестивалски спот за ИФФК „Браќа Манаки“ 1999 г. Режисер и монтажер на официјалниот најавен спот снимен и постпродукциски реализиран во продукција на националниот сервис „Македонска Радио Телевизија по сценарио на Филип Унковски. Асистент на режија Јане Ќортошев. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

11. „50 години Универзитет Св. Кирил и Методиј“ документарен филм. Режисер и косценарист на јубилејниот наменски филм „50 години Универзитет Св. Кирил и Методиј“ за создавањето и развојот на најстариот универзитет во Република Македонија во продукција на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј “ и националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. Сценаристи: Евица Камберова и Оливер Бранковиќ. Главен и одговорен уредник Снежана Клинчарова. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и
„Совет за Радиодифузија“ на Република Северна Македонија).

12. „Македонија во Светската Трговска Организација WTO.“ Режисер и сценарист на кампањата и маркетинг спотовите на проектот на Владата на Република Македонија за влез на Р.М во Светската Трговска Организација (СТО) во продукција на Министерството за економија на РСМ и „Томато продукција“ од Скопје. Директор на фотографија Дејан Димески. (Архива на Министерството за економија на РСМ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

13. „Бебе“, „Кој штеди има“ и „Светлина низ вековите“, три рекламни спотови за нарачателот Електро Стопанство на Македонија (ЕСМ ) во продукција на „Томато продукција“ од Скопје. Директори на фотографија: Дејан Димевски и Драган Гаиќ. Асистент на режија Чедомир Поповски. (Архива на ЕСМ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

14. Режисер на јубилејниот наменски филм „Годови“ за создавањето и развојот на најстариот Меѓународен фестивал од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија „Охридско лето“ по сценарио на Ирина Димовска Шокаровска, Весна Малјановска и Татјана Грковска а во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и Уметничкиот совет на Меѓународниот Фестивал „Охридско Лето“.Директор на фотографија Димитар Владички-Манаки. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

15. „Охридска пастрмка“ прв прилог од Република Северна Македонија за CNN International. Режисер и монтажер на првиот прилог за CNN од Република Македонија, посветен на ендемичниот вид на риба „Охридска пастрмка“ со новинарот Маја Петрушевска. Копродукција на CNN International и националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ , „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија и CNN International).

16. „Родољуб Анастасов“ играно-документарен филм. Режисер на играно
документарниот филм за животот и делото на академскиот ликовен уметник и универзитетски наставник Родољуб Анастасов, по сценарио на новинарот Светлана Шуплевска и универзитетскиот професор по историја на уметност на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Владимир Величковски , во продукција на Националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Северна Македонија).

17. „ На Ваше прашање“,информативно образовна контактна емисија во 20ет
епизоди. Режисер на проектот „На Ваше прашање“ на Владата на Република
Македонија за поттикнување на берзанското работење во копродукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и надворешна маркетинг и консалтинг агенција „Indigo/Ogilvy“. Уредник на емисијата Бранислав Димовски, водител Атанас Ковачевски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

18. „Мислам дека имаме хит“, мултимедиален проект на забавно музичката редакција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. Режисер на забавно музичкиот серијал во 140 епизоди со водителите Антоно Димитриевски, Иван Мирчевски, Живкица Ѓурчиновска Каленикова, Ненад Ѓергиевски и Александар Блажевски, во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. Музички уредник Гордана Куновска Ангеловска . (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

19. „ Бесконечно тркалање“, документарно музички серијал за историјата на поп и рок културата до крајот на 20-от век. Режисер на проектот. Водител, Диме Игњатов, во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. Уредник на серијалот е Елена Добревска. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и„Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

20. „Итар Пејо, интерактивен мултимедиален телевизиски квиз. Режисер, дизајнер на сценографијата, уредник и енигматичар на проектот во
продукција на „ТМЕ Студио“. Водители: Раде Павловски, Ана Јовковска и Славчо Неделковски. Извршни продуценти: Август Лапан и Александар Костиќ. (Архива на „ТМЕ Студио“,и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

21. „Скопје, балканскиот феникс“, документарен филм во три продолженија. Монтажер на документарниот серијал за настанувањето и развојот на градот
Скопје на авторите проф. д-р Коста Балабанов и Хилдегард Караџа Кондовска, со повеќе анимирани сегменти за симулирање на флеш бекови во минатото, во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. Режисер, Драган Савевски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

22. „Фимчо Муратовски“,документарен филм. Режисер и косценарист на
документарниот филм за животот и делото на музичкиот педагог, диригент и професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Фимчо Муратовски, по сценарио на Ирина Димовска Шокаровска, а во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

23. „Македонска повест“, документарен филм. Режисер на документарниот филм за животот и делото на македонскиот композитор Григор Смокварски по сценарио на Славица Велковска, а во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и
„Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

24. Режисер на официјалните спотови за новите сезона на Македонска
Филхармонија, за сезоната 1998/99 година и сезоната 1999/2000 година и автор на логото употребено во нив во продукција на националниот радиодифзен сервис „Македонска Радио Телевизија“. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

25.Режисер и монтажер на контактно забавниот квиз „Моменти“ со
водителот Живкица Ѓурчиновска Каленикова, а во продукција на„ Idea plus DDB“, „T Mobile“ и „СИТЕЛ Телевизија “. Извршен продуцент Игор Цветковски. (Архива на „Idea Plus DDB “ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија.)

26.Режисер и косценарист на детскиот мултимедијален серијал во 30 продолженија „Сезаме, отвори се“ по сценарио на новинарот Рашела Гинова, во продукција на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“. Уредник на Детска Редакција на МТВ :Татјана Гогова Максимовска. (Архива на националниот Радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

27. Автор на студиската програма за насоката „Монтажер на слика и
тон “ при Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро Балкан“ од Скопје во Центарот за креативни индустрии во рамките на Програмата за образование на возрасни, акредитирана во Министерството за образование и наука на Република Македонија во 2011 година. Инструктор и предавач на истата.
Линк (Преглед :12.02.2023 г.)

28. Идејно решение, дизајнер на сценографија и 3Д моделирање на проектот кој опфаќа повеќенаменско студио и поставување на сценографска поставка низ систем на на интерактивно поврзани засебни програмско-сценски модули (Студио Ц) во Јавното Радиодифузно Претпријатие „ Македонска Радио Телевизија “ во соработка со колегата Дени Андонов, ангажиран од копродуцентот на националниот телевизиски сервис , Друштвото за филмска и телевизиска режија , продукција и мултимедиа ДООЕЛ МЕК ГАФИН Скопје од Скопје. Студиото е пуштено во употреба 2014 г./2015 година. Од студиото во живо и претходно снимени се емитуваат повеќе програмски содржини на Првиот и Вториот Програмски сервис на националниот телевизиски сервис какви што се: „Македонија наутро“ , „Витраж“, „Тунел“ , „Акцент“, „Стисни плеј“, „Од наш агол“, „Аграр“ , „Петиот ангел“, „Свеот на тишината“, „Метео“. Во студискатапоставка се имплементирани и откупени графики и цртежи на академските графички уметници проф. м-р Зоран Јакимовски, наставник во пензија на Факултетот за ликовни уметности при Универзитеот„Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и од проф. м-р Стефан Јакимовски, наставник на Факултетот за дизајн и мултимедиа при Американски универзитет на Европа-ФОН во Скопје

29. Режисер-консултант и надворешен стручен соработник за конкретна проектна активност на Јавното Радиодифузно Претпријатие „Македонска Радио Телевизија“ во периодт од 2014 г. до 2015 г., ангажиран од копродуцентот на Националниот телевизиски сервис МКРТВ,односно од Друштвото за филмска и телевизиска режија , продукција и мултимедиа ДООЕЛ МЕК ГАФИН Скопје од Скопје.

30. Режисер и монтажер на рекламни проекти на Америански универзитет на Европа-ФОН кои се емитувале или се емитуваат во електронскиот медиумски простор во Република  Македонија. 

 

 

(Преглед: 9.02.2024 г.)

31. Автор на програмата и предавач на курсот по Основи на Мултимедиа
организиран за студенти од други факултети како проектна активност на Интерфејс центарот (INTERFACE – Developing and setting up measures for initiating, enhancing and sustaining Higher-Education-Society Cooperation) при Универзитетот ФОН , кој што се одржуваше во градовите Скопје и Струмица, во периодот 2013 г.-2014г.

32.Надворешен стручен соработник и основач на Друштвото за филмска и
телевизиска режија , продукција и мултимедиа ДООЕЛ МЕК ГАФИН Скопје од Скопје ( 2015 г.- 2020 г.)

33. Промотор и воведничар на изложбата насловена како „Бесконечност“ на академскиот ликовен уметник Симона Јакимовска, графичар од Куманово која беше студент на втор циклус студии (магистрант) на Факултетот за дизајн и мултимедиа при Универзитетот ФОН во Скопје. Изложбата беше поставена како самостоен проект на авторката во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово на 6.09.2013 година.
Линк

(Преглед¸09.02.2024 г.).

34. Режисер на телевизиските снимки и директни преноси на сценско-музичките продукции на Македонската Опера и Балет на оперските и балетските дела :
1. „Турандот“ опера на италјанските композитори Џакомо Пучини и Франко
Алфано.
2. „Иван Сусањин“ опера на рускиот композитор Михаил Глинка.
3. „Лучија ди Ламермур“ опера на италјанскиот композитор Гаетано Доницети.
4. „Паљачи“ опера на италјанскиот композитор Руџеро Леонкавало
5. „Кармен“ опера на францускиот композитор Жорж Бизе.
6. „Моќта на судбината“ опера на италијанскиот композитор Џузепе Верди.
7. „Аида“ опера на италијанскиот композитор Џузепе Верди.
8. „Травиата“ опера на италијанскиот композитор Џузепе Верди
9. „Боеми“ опера на италијанскиот композитор Џакомо Пучини.
10. „Џани Скики“ опера на италијанскиот композитор Џакомо Пучини.
11. „Дон Џовани “ опера на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт.
12. „Македонска повест“ балет на македонскиот композитор Глигор
Смокварски.
13. „Силфида“ балет на францускиот композитор Жан-Мадлен Штнејцхофер
14. „Лебедово езеро“ балет на рускиот композитор Петар Илич Чајковски.
15. „Принц Игор “ балет рускиот композитор Александар Бородин.
16. „Жизел“ балет на францускиот композитор Адолф Адам.
Музички уредници : Татјана Грковска, Весна Малјановска, Ирина Димовска
Шокаровска и Зорица Цветановска во продукција на Културно –уметничката
програма на националниот сервис „МакедонскаРадио Телевизија“.(Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија во период од 1998 година до 2004та година.

35. Асистент на монтажа на анимираниот филм „Крај“ на доајенот на анимираниот филм , починатиот аниматор Делчо Михајлов . Анимација на трик стол врз филмска лента како медиумски носач. (Архива на „Вардар Филм“ Република Македонија)

36. Режисер на музичкиот спот „Симона“ на исполнителот Ѓорги Крстевски во продукција на ТМЕ Студио. Извршни продуценти Август Лапан и Александар Костиќ. (Архива на „ТМЕ Студио“, „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

37. Режисер на музичкиот спот „Стамена“ на исполнителот Тања Трчкова во продукција на Забавната програма на МТВ.Музички уредник: Кирил Вангелов. Музички аранжман : Бодан Арсовски. Продуцент: Коста Китановски. Директор на фотографија : Драги Таневски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

(Преглед: 09.02.2024 г.)

38. Режисер на музичкиот спот „Години ли се…“ на исполнителот Тања Трчкова во продукција на Забавната програма на МТВ. Музички уредник: Кирил Вангелов. Музички аранжман : Бодан Арсовски.Продуцент: Коста Китановски. Директор на фотографија : Драги Таневски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

(09.02.2024 г.)

39. Режисер на музичкиот спот „Стари порти отварам“ на исполнителот Тања
Трчкова во продукција на Забавната програма на МТВ. Музички уредник: Кирил Вангелов. Музички аранжман : Бодан Арсовски. Продуцент: Коста Китановски. Директор на фотографија : Драги Таневски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

(09.02.2024 г.)

40. Режисер на музичкиот спот „Стари порти отварам“ на исполнителот Тања
Трчкова во продукција на Забавната програма на МТВ. Музички уредник: Кирил Вангелов. Музички аранжман : Бодан Арсовски. Продуцент: Коста Китановски. Директор на фотографија : Драги Таневски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

(Преглед 09.02.2024 год.)

41. Режисер на музичкиот спот „Јане бело грло…“ на исполнителот Тања Трчкова во продукција на Забавната програма на МТВ .Музички уредник: Кирил Вангелов. Музички аранжман : Бодан Арсовски. Продуцент:Коста Китановски. Директор на фотографија : Драги Таневски. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

(Преглед 09.02.2024 год.)

42. Режисер на 23 (дваесет и три ) епизоди од серијалот „Оперски и балетски приказни“ во продукција на Редакцијата за сериозна музика при Културно Уметничката Програма на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ . Музички уредници: Ирина Димовска Шокаровска и Весна Малјановска. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

43. Режисер на копродуцентски проекти на Македонската Радио Телевизија со Лотарија на Македонија. „Бинго “ и „Супер Бинго“. (Архива на националниот радиодифузен сервис „Македонска Радио Телевизија“ и „Совет за Радиодифузија“ на Република Македонија).

44. Воведничар и автор на рецензијата на каталогот со кој е отворена изложбата „Мостови“ на македонскиот ликовен уметник, академски графичар и универзитетски професор, проф. м-р Стефан Јакимовски од Куманово во 2016 година која е реализирана под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Музејот на Град Куманово и Уметничката галерија Куманово.

45. Режисер и продуцент на краткометражниот документарен филм „Мајка “ во кој е претставен животот на турците Јуруци во овој дел од Балканот (околината на дел од селата кои гравитирааат околу градот Радовиш) Добитник на второ место за документарен филм на Филмскиот фестивал за туркофонските земји во 2019 г. (TURK DUNYASY 4. BELGESEL FILM FESTIVALI TESEKKUR BELGESI). Продуценти на филмот Игор Шокаровски и Американскиот универзитет на Европа -ФОН.