Доц. Д-р Јасна Грујоска-Кунеска
Архитектонски факултет
Кратко наративно био:
Родена е на 22.03.1988 год. во Струга, Р. Македонија.
Средното образование го завршува во ДСУ “Нико Нестор“, Струга.
Образованието го продолжува на Архитектонскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2012 година ги завршува петогодишните студии, со успешна одбрана на дипломскиот труд на тема: ,,Повеќесемејна станбена зграда – куќа на новата колективност“ при што се стекнува со звање Дипломиран инженер архитект.
Своето професионално искуство како архитект и надзорен инженер го стекнува работејќи на бројни проекти за станбени и деловни објекти, во проектантската фирма ,,Пеком“, Струга, во континуитет, од 2012 година. Со стекнување на потребните овластувања за проектирање и надзор, станува член на Комората за овластени архитекти и инженери.
Магистерските студии ги започнува во 2014 година на Градежниот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, смер – конструктивна насока. Во 2016 година со одбрана на магистерскиот труд на тема: ,,Примена на отпадно стакло како агрегат во бетонот“ се стекнува со звање Магистер по технички науки од областа на градежништвото.
Во 2016 година се приклучува на Архитектонскиот факултет при ФОН Универзитетот во Скопје, каде во 2018 година добива академска титула – Доцент од областа на архитектонското проектирање и дизајн.
Воедно учествува и во организацијата на архитектонските изложби и работилници, наменети за студентите.
Докториските студии ги започнува во 2018 година на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје, со поле на истражување: Современ пристап во заштитата на културно-историските објекти.
Предмети кои ги предава/лa:
Архитектонско проектирање на станбени објекти 1
Архитектонско проектирање на станбени објекти 2
Внатрешна архитектура 1
Внатрешна архитектура 2
Архитектонско студио 1
Архитектонско студио-внатрешно уредување 1
Архитектонско студио-внатрешно уредување 2
Одбрани теми од станбени објекти
Селектирани теми од ентериер
Одбрани теми од напредно архитектонско проектирање
Интегративно студио 1
Теми и области во кои менторира дипломски работи и магистерски трудови:
Теми од областа на Aрхитектонското проектирање и дизајн, меѓу кои:
– Проектирање на индивидуални станбени објекти;
– Проектирање на објекти за колективно домување;
– Проектирање на објекти за времено домување;
Истражувачки интерес:
Актуелно подрачје од интерес за нејзината докторска теза е современиот пристап во заштита на историските објекти -културното наследство во нашата земја.
Друга област на интерес претставува концептот на одржлива архитектура и проектирањето на одржливи објекти.
Објавени трудови:
- “The role of architect in earthquake protection of cultural heritage”, Grujoska, J., Shendova V., 1st Croatian Conference on Earthquake Engineering – CroCEE, 22-24 March 2021 Zagreb, Croatia
- “Improvement of Thermal Conductivity of Mortars with Slag“, Grujoska, V., Samardzioska, T., Grujoska, J., International symposium MASE, 2019 Samardzioska, T., Grujoska, V., Grujoska, J., Moslavac, D.,Donevska, K.,
- “Effects of waste glass on properties of hardened concrete”, Scientific Journal of Civil Engineering, Volume 6, Issue 1, July 2017
- Samardzioska, T., Grujoska, V., Grujoska, J., Moslavac, D.,“Use of waste glass as aggregate in concrete”, 1st International Conference on Construction Materials for Sustainable Future, Zadar, Croatia,19.04 -21.04. 2017
- Учество во лабораториско истражување за бетон со додаток на стакло, Градежен институт Македонија, ГИМ, Скопје, 2016
- Организатор на годишна студентска изложба на најдобрите студентски проекти на Факултетот за дизајн и мултимедија во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитет ФОН, Младински културен центар, Скопје, 09.05 – 16.05. 2017
- Организатор на годишна студентска изложба на најдобрите студентски проекти на Архитектонскиот факултет при Универзитет ФОН, Скопје, Музеј на Македонија, Скопје, 11.06 – 14.06. 2019