Меѓународна соработка
Освен во сферата на наставата и едукацијата, активностите на Американскиот Универзитет на Европа- ФОН се насочени и во следење на модерните европски и светски трендови кои подразбираат отвореност во комуникацијата, создавање простор за меѓународна мобилност на студентите, мобилност на наставничкиот и соработничкиот кадар преку размена во рамките на високообразовните институции, размена на студиски програми, учество во меѓународни проекти финансирани од ЕУ, организирање на заеднички симпозиуми, советувања и слични активности со други високообразовни институции како од Република Македонија, така и од Европа и пошироко. Во таа насока, АУЕ-ФОН има склучено договори за соработка со низа реномирани универзитети, факултети и институти од земјата и од странство, а покрај склучените договори, во тек се преговори за воспоставување на соработка и со други домашни и странски високообразовни установи.
Преглед на позначајните склучени меѓународни договори:
- Алијансата на универзитети на Централна и Источна Европа
- International Universities Council – IUC
- Euro-Mediterranean University (EMUNI University)
- Државниот Универзитет во Ниш, Република Србија
- GIUGIARO Architettura од Милано, Италија
- Girne American University, North Cyprus
- Државниот Универзитетот од Сарагоса, Шпанија
- Институтот за европски интернационални студии во Ница, Франција
- Универзитетот за економија и технологии ТОББ од Анкара
- Универзитетот “Александар Мојсиу” од Драч Албанија
- Интернационалниот универзитет во Травник, Босна и Херцеговина
- Бизнис академија од Нови Сад, Србија
- Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина
- Државниот Технички Универзитет од Габрово, Република Бугарија
- Универзитетот во Нови Пазар, Србија
- Државен Руски Универзитет за туризам и услуги од Москва, Русија
- Yildiz Technical University од Истанбул, Турција
- Британски совет во Македонија
- Kiit University, Bhubaneswar, Индија
- Бургас слободен универзитет, Бугарија
- Ататурк Универзитет, Ерзурум, Турција
- Kyiv University of Law, Украина
- Универзитетот Булент Еџевит од Зонгулдак, Република Турција
- Универзитет Доња Горица,Подгорица
- Европски колеџ Јуридика,Приштина
- Polidesing Consorzio del Politecnico di Milano
- Uluslararasi avrasya egitim sendikalari birligy (UAESEB),Türkiye Kamu-Sen
- Izmir Katip Celebi Universitesi (Mevlana Exchange Programme)
- Европски Универзитет Брчко Дистрикт, Босна и Херцеговина
Преглед на позначајните договори склучени со високообразовни институции од Република Северна Македонија:
- Универзитет “Свети Кирил и Методиј”- Скопје
- Универзитетот “Свети Климент Охридски”- Битола
- Универзитет “Гоце Делчев”- Штип
- “Њујорк Универзитет”- Скопје
- “Интернационалниот Балкански Универзитет”- Скопје
- “Медицинскиот факултет”- Скопје
- Државен универзитет од Тетово
- Универзитет за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле”- Охрид.
- Министерството за одбрана на РМ
- Министерството за труд и социјална политика
- Министерството за внатрешни работи
- Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ
- Министерството за информатичко општество
- Министерството за транспорт и врски
- Музеј на Македонија
- Сите приватни Универзитети кои се членки на Ректорската конференција на приватни универзитети (Прв приватен универзитет – ФОН, Европски универзитет – РМ, Универзитет на Југоисточна Европа од Тетово, Универзитет Американ Колеџ – Скопје, Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Универзитет Њујорк од Скопје, Меѓународен Балкански универзитет од Скопје)