Проф. Д-р Назми Маљичи

Проф. Д-р Назми Маљичи

Факултет за правни и политички науки

Кратко наративно био:

Д-р (доктор на науки) политички науки (2003).  Институт за социолошки и правни политички истражувања, Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје – 2003  година со тема „Приближување на Република Македонија кон НАТО “

Наауки за одбрана и безбедност (1999)  магистрира на Универзитетот во Скопје „Св. Кирил и Методиј“ на Филозофскиот факултет, 1999 година на оваа тема  „Политичка толеранција во функција на мирот“
Дипл. Професор по одбрана и безбедност (1981)  Дипломира на Универзитетот во Белград – На факултет за Одбрана и безбедност.

2002 година, вработен со редовен работен однос на Тетовски Југоисточен Униврзитет; – Член на Сенатот на Тетовски Југоисточен Униврзитет (2003 -2006) – Од страна на Сенатот на УЈЕ – Тетово.
На 19 ноември 2003 година e избран за Доцент на група Социо – Политички предмети: Човековите права и јавни служби, Европски Студии, Системи на јавно и приватно информирање и Политичките проблеми и Евроинтеграции.
Од 2006 / 2007 година е ангажиран на последимските студии при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, по следните предмети: – Анализа на надворешна и безбедносна политика (Јавна Администрација Дипломатија);
Европски Студии (PARIS XII & UESE, Administration publique et gestion des collectivites territoriales); – Функционирање на административните структури на ЕУ (група – Компаративна Јавна Администрација на ЕУ) и – Безбедносни државни политики (Јавна Администрација – група за Безбедност) –
Од април 2004 година, до март 2006 година, бил Директор на Центарот за Научно Истражување на Факултетот за Јавна Администрација – УЈЕ – Тетово.
Oд октомври 2005 година, е ангажиран како визитинг професор на ФОН, Универзитет, по предметите: – Историја на право и Право на Европска Унија; – Наука за политика и – Политички маркетинг и мас медиумите.
Од октомври 2007 година е во редовен работен однос на Факултетот за Политички Науки при Универзитетот ФОН.
Во академската година 2007/2008, 2008/2009 и 2009/2010 е ангажиран на последипломски студии при Универзитетот ФОН по предметот „Безбедносни колективни системи и превентивна дипломатија„.
Од септември 2008 до јуни 2011 година бил продекан на Факултетот за политички науки и дипломатија.
Од јуни 2011 е Декан е на Факултет за политички науки и дипломатија на ФОН Универзитет – Скопје
Наставно – научниот совет на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во состав на Универзитетот ФОН, на седницата одржана на 31 март 2008 година, го избра за Вонреден професор.
Сенатот на Универзитетот ФОН, на седницата одржана на 28 март 2013 година, го избра за Редовен професор.

На 16 декември 2012 година од Советот за акредитација на докторски студии при Министерот за образование во Владата на Република Македонија, Назми Малиќи добива лиценца за ментор на докторски студии, во групата Политички науки и дипломатија.

На 15 септември 2017 година од Советот за акредитација за постдипломски студии во Министерот за образование во Владата на Република Македонија, Назми Малиќи добива лиценца за ментор за магистерски студии, во групата надворешна политика и дипломатија.

На 22.03.2018 година од Сенатот на Универзитет ФОН – Скопје е избран за доживотен редовен професор – по предметите: Методологија и теории во политичките науки

2018 – 2019 – Проректор на Универзитетот ФОН – Скопје

Обврски и соработка со универзитетите и истражувачките институти:

Од 2002 година е надворешен научен соработник на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања во Скопје;
Надворешен соработник на Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за мировни студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје;
Во учебната 2008/2009 година е ангажиран хонорарно на Универзитетскиот Колеџот ААБ – Приштина;
Во учебната 2012/2013 година е ангажиран вонредно на магистерски студии на Правниот факултет – Катедра за јавна администрација, Државен универзитет во Тетово, по предметот: Комуникација и односи со јавноста во јавната администрација.
2017 година е надворешен член на комисиите за одбрана на докторски дисертации на Државниот Универзитет Хасан Приштина – Филолошки факултет – катедра на новинарство.
2016 – 2021 хонораран ангажиран на Интернационалниот Универзите во Нови Пазар
2016 – 2022 е хонорано ангажиран на Факултетот за Исламски студии по предметот „Дијалогот помеѓу религиите“.

Активност на истражување:

  • Политичка толеранција во функција на мирот (на македонски) Фондација Фридрих Еберт – Скопје, 2001 г.
  • Политички траги (на албански јазик), IADC, Skoje 2001 година
  • Прелистување (на албански јазик), IADC, Skoje 2001 година
  • Политичка толеранција во функција на мирот (на албански јазик), Фондација Фридрих Еберт – Скопје, 2003 г.
  • Јавни и приватни информациони системи, IADC, Скопје 2006 година
  • Политичко прелистување, Книга, издавачка куќа Shkupi, 2010 година
  • Превод на монографијата: „Политички менаџмент“, од македонски на албански, Фондација Фридрих Еберт – Скопје, 2002 г.
  • Скрипта, Наука за политика, ФОН, Скопје, 2009 година
  • Скрипта „Безбедносен Систем“ ФОН, Скопје, 2011 година
  • Скрипта „Политички систем, ФОН, Скопје, 2009 година
  • Книга, „Приближувајќи ја Република Македонија во НАТО“, IADC, Скопје, 2012 година
  • Книга, „Политички перспективи“ издавачка куќа Скопје, Скопје, 2018 година
  • Главен и одговорен уредник на Меѓународно списание за општествени науки „ВИЗИОНЕ“ Скопје – Визионе ”38, 2022; IADC, www.visionmagazine.org, Скопје, 2022, Списанија со отворен пристап, EBSKO.