Правни и политички науки

Факултет за правни и политички науки

Правни и политички науки:
Акредитации 2022/23
Акредитации:
Политички науки и дипломатија:
Акредитации:

Политичките науки ја изучуваат теоријата и праксата на управувањето и владеењето со јавните работи на локално, државно, национално и меѓународно ниво. Студирањето на политички науки развива знаења кај студентите за разбирање на политичкото организирање на заедницата на различни нивоа, потребата од јавните институции и нивната функционалност, односите кои го сочинуваат јавниот и политичкиот живот и начините на истражување кои го промовираат граѓанинот како активен партнер на јавните институции во рамките на политичкиот систем. Студирањето на политички науки им дава можност на студентите да учат и анализираат прашања кои имаат влијание врз секој човек поединечно, како што се климатските промени, родовата и јавната политика.  Програмата е дизајнирана за да ги продлабочува знаењата на студентите за јавните политики во различни области и да ги оспособи за граѓанско и професионално учество во политичките процеси на локално, национално и глобално ниво.

Преку истражувања, едукативни и јавни настапи академскиот кадар и студентите ги промовираат и развиваат демократските стандарди и принципи. Програмата вклучува политичка едукација, социјализација и еманципација за студентите да развиваат партиципативна политичка култура и да подигнуваат демократски стандарди во јавниот живот на различни нивоа во политичкиот систем. Посебен фокус се става на јавниот интерес и на сознанија за креирање на одржлив општествен развој преку политики базирани на докази.

Во 2023 година формиран е Клуб за делиберативна демократија кој има за цел да ги развива делиберативните капацитети кај студентите и практично да им се обезбеди простор во кој може да ги застапуваат своите ставови, да разменуваат размислувања и да ги преиспитуваат своите перспективи во однос на јавни прашања.

Кариерни можности:

Студентите кои се стекнуваат со звањето дипломиран политиколог можат својата кариера да ја остваруваат во јавните институции во рамките на политичкиот систем на Република Северна Македонија: Министерства, независни агенции, кабинет на Претседател на Републиката, Собрание на Републиката, локални самоуправи; во граѓанскиот сектор: домашни и меѓународни невладини организации; или да бидат дел од меѓународни организации: Европска Унија, Совет на Европа, Обединети Нации, ОБСЕ.

Студентите кои се одлучуваат за продлабочување на нивното знаење на програмата за магистерски студии стекнувајќи се со звање магистер во областа на политички науки може да ја остварат и развиваат својата кариера во јавните институции во Република Северна Македонија на локално и централно ниво; во Think tank организации како дел од истражувачкиот тим, граѓански сектор кој вклучува бројни домашни и меѓународни невладини организации, во меѓународни организации како што се ЕУ, ОН (УНДП, УНИЦЕФ и сл), Совет на Европа, амбасади.