Ректорска управа
Американскиот Универзитет на Европа-ФОН е високообразовна институција со исклучителен кадровски потенцијал. Во наставниот процес на факултетите во состав на АУЕ-ФОН се ангажирани околу 100 истакнати и реномирани професори, од кои повеќе од половина имаат засновано редовен работен однос со Универзитетот.
Останатите професори се визитинг и парт-тајм професори, чиј ангажман се заснова на претходно склучен договор за соработка меѓу АУЕ-ФОН и матичната институција на професорот. Наставниците се доктори на науки од различни научни подрачја застапени на Универзитетот: право, економија, информатика, дизајн, политикологија, филолошки науки, менаџмент, спорт и други научни области.
- Извештајот за работата на ректорот за академска 2017/2018 година (преземи документ)