Управен одбор

Совет на основач

 

Советот на основачот е составен од седум члена.
Основачот ги именува членовите на Советот на основачот.
Ректорот е член на Советот на основачот, по функција.
Основачот е претседател на Советот на основачот.
Основачот може да именува еден или повеќе потпретседатели, од членовите на Советот. Потпретседателите се избираат за период од пет години со право на повторен избор.


Советот на основачот:

  1. ја уредува генералната политика на Универзитетот;
  2. ја одобрува програмата за развој и за работа на Универзитетот;
  3. се грижи за обезбедување на финансиски и материјални средства неопходни за вршење на дејноста на универзитетот и дополнителни средства над средствата утврдени во финансискиот план, кога за тоа има оправданост;
  4. дава согласност за финансирање на постоечки и нови единици на Универзитетот, студискипрограми и проекти на Универзитетот;
  5. одлучува за располагање со приходите на Универзитетот;
  6. врши надзор над материјално – финансиското работење на Универзитетот;
  7. одлучува за користење на имотот и за финансирање на дејноста на Универзитетот;
  8. дава согласност на актот за организација, внатрешните односи и работењето на Универзитетот и актот за начинот на кој се вршат стручно-административните работи од заеднички интерес на единиците на Универзитетот;
  9. предлага доделување звање професор емеритус, звање почесен професор и титула почесен доктор на науки;
  10. одлучува во втор степен по решени ја на директорот;
  11. се грижи и предлага мерки за унапредување и заштита на стандардот на студентите и на вработените на Универзитетот;
  12. одлучува за основање на советодавни и други тела за работите од негова надлежност;
  13. врши и други работи утврдени со закон и Статут на Универзитетот.

Советот на основачот може и да врши надзор над извршувањето на дејноста на универзитетот, задачите на универзитетот во согласност со Законот за високото образование, законитоста на неговото работење, рационалната употреба на кадровските и материјалните ресурси и да врши други работи утврдени со овој Статут.