Виш Лектор М-р Зоран Механџиски
Факултет за странски јазици
Кратко наративно био
Дипломирав во 1997 на Катедрата за источнословенски и западнословенски јазици и книжевности (наставна насока) на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Во јануари 2006 година со одбраната на магистерскиот труд на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“, под наслов Категоријата таксис и нејзиниот израз во рускиот и во македонскиот јазик стекнав право на научен степен Магистер на филолошки науки.
Положив и државен стручен испит за настава по македонски и руски јазик.
На АЕУ-ФОН сум вработен од основањето до денес и имам повеќегодишно работно искуство како предавач по македонски и руски јазик, работам и на повеќе раководни и одговорни функции поврзани со наставата и оценувањето:
– Директор на ПСУ ,,Петта приватна гимназија“;
– Директор на Центарот за подготвителна настава и тестирање за странци при АУЕ- ФОН;
– Оценувач на државна матура, за проверка и оценување на екстерниот испит по наставниот предмет македонски јазик и литература избран од страна на ДИЦ при МОН;
– Активно учествував во проектот “Фабрика на знаење” – проект на АЕУ- ФОН и бизнис заедницата.
Покрај тоа, активно сум вклучен и во неколку стручни комисии:
-Претседател на Комисијата за самоевалуација;
-Претседател на Комисијата за признавање на испити на ФСЈ.
Од 2009 година до денес учествував во повеќе проекти поврзани со образованието и наставата во РСМ:
– Проект за модернизација на образованието-МОН и БРО;
– Акредитиран обучувач од Бирото за развој на образованието на програмите:
Методи и постапки за планирање на наставата и вреднување и оценување на постигањата на учениците;
Стратегии и техники на подучување и учење и Објективно оценување со тестови на знаења.
Предмети кои сте ги предавале и предавате во моментов
Во текот на својот наставен ангажман на АЕУ-ФОН ги предавам следниве предмети:
- Македонски јазик,
- Македонски јазик за странски студенти,
- Македонски јазик (немајчин);
- Руски јазик како јазик Б,
- Руски јазик како јазик Ц,
- Руска цивилизација,
- Деловен руски јазик,
- Руски јазик во струка (право, економија, детективи);
- Академско пишување.
Теми и области во кои менторирате дипломски работи и магистерски трудови
Во текот на своето работно искуство, сум бил ментор на теми од областа на:
-Наука за јазикот
-Поле-лингвистика
Истражувачки интерес
Мојот научно-истражувачки интерес претежно е насочен кон областа:
Наука за јазикот – Македонистика,
Славистика, Граматика, семантика, семиотика,синтакса.
Објавени трудови , изложби и аудиовизуелни дела, текстови во академски списанија, во зборници или објавени книги:
- ,,Функционално-семантичкото поле резултативност во рускиот и во македонскиот јазик“, Вестник Московского университета. Серия 19. Лингвистика и межкультурная коммуникация. 2009. ( VIII ежегодная Международная научная конференция «Языки в современном мире»)
- ,,За семантичката структура на глаголите што означуваат движење“, Вестник Московского университета. Серия 19. Лингвистика и межкультурная коммуникация. 2010. (IX ежегодная Международная научная конференция «Языки в современном мире»)
- ,,Категоријата таксис и нејзиниот израз во рускиот и во македонскиот јазик“, Скопје, 2012.